176
„Апсолутно сум сигурен дека ќе го победиме коронавирусот, иако ужасните денови се зад нас, а пред нас претстојат неколку страшни денови и недели“, изјави за РТС вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е оптимист за вакцините.
Тој истакнал дека руската вакцина против коронавирус пристигнала во Србија и дека експертите ќе ја проверат нејзината исправност и ефективност во наредните денови во белградскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.
Вучиќ изјавил дека се надева дека вакцините на „Фајзер“ ќе пристигнат до крајот на годината, како и 350.000 вакцини до март 2021 година.
Според него, вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а вакцинацијата нема да биде задолжителна.