Српскиот претседател Александар Вучиќ се состана со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак во Брисел.
Вучиќ објави фотографија со Лајчак на Инстаграм пред состанокот.
Утре тој ќе се сретне одделно со највисоките претставници на Европската унија, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Утре во Брисел, претседателот на Србија ќе разговара и со европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.
Вучиќ ќе разговара со европските официјални лица за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, примената на новата методологија во пристапните преговори со ЕУ, борбата против пандемијата на коронавирус и други теми.
Врховните претставници на ЕУ во четврток во Брисел ќе го примат и косовскиот премиер Албин Курти.
Вучиќ претходно најави дека бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина треба да се продолжи во мај.