Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по воената вежба „Штит 2022“ изјави дека Србија е чувар на мирот и стабилноста и дека така ќе биде и понатаму, но дека повеќе нема да биде нечија канта за удирање, пренесува РТС.
Вучиќ рече дека Србија нема ништо добро да очекува во однос на Косово и Метохија и истакна дека сега не се води дијалог со Курти.
„Нема што добро да очекуваме. Многумина мислат дека ситуацијата во Украина ќе биде надоместена со Косово, немаме ништо добро да очекуваме од разговорите за Косово и Метохија бидејќи не разговараме. Порано имавме дијалог, но сега со Курти го немаме“, кажа Вучиќ.
„Што се однесува до Косово и Метохија, ситуацијата не е добра, се оди кон протерување на Србите од таму и Србија да ја признае независноста на Косово, јас сум голем скептик во тој поглед“, рече Вучиќ.