Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа, во интервју за ТВ Пинк , за кое се вклучил од Абу Даби, рече дека ја прифаќа вината затоа што некои лица што ги поставил на одредени позиции, работеле со криминални групи.
„Многу луѓе сметаа дека се помоќни и посилни од државата и дека можат да прават што сакаат. И ја прифаќам вината за тоа. Мислите ли дека се подготвени за еден човек да ги уништи? Ќе направат сè и сторија сè заедно со некои луѓе кои ги назначив, меѓу другото, да го уништат моето семејство, да ги уништат животите на моите деца со најгрозоморните лаги … Денес знам сè, во еден момент дури избегав од слушање на вистината затоа што не сакав да верувам во тоа. Знам сè веќе една година и живеам со тоа и нема да кажам колку се мачам и колку ми е незгодно затоа што овие се мои луѓе што лично ги избрав“, потенцирал Вучиќ, зборувајќи за борбата против криминалот.
Јасно е, додал тој, дека не само што нема да има недопирливи, туку акцијата ќе биде долготрајна, сериозно остра и дека државата ќе го „исече мафијашкиот октопод“.
Во сето тоа, рекол тој, има и странско влијание. „Како што нема мафија без држава, така нема вакви обиди за уривање на државата без странски фактор“, рече Вучиќ.