Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, како гостин на ТВ Пинк, изјави дека се пронајдени цврсти докази врз основа на кои е уапсено уште едно лице поврзано со кланот Вељко Беливук, обвинето за убиство.
„Сакам луѓето да знаат дека се пронајдени цврсти докази за сторителите на убиства на најмалку три лица и дека уште еден од убијците е уапсен затоа што му е пронајдена ДНК, иако не верувавме дека тој е вмешан. Неговите иницијали се А.Ш. и неговата ДНК беше пронајдена заедно со ДНК на тројцата убиени млади момчиња за кои најмногу зборуваме во последните неколку дена“, рече Вучиќ, додавајќи дека е важно луѓето да се чувствуваат безбедно.
„Нема земја во која се искорени мафијашките убиства, наша работа е да ги сведеме на минимум. Тоа е нашиот приоритет. Јас само сакам да им кажам на граѓаните дека ова не е прашање за оваа организирана криминална група, но наше е да кажеме дека државата е посилна “, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа не е мала цена што мора да се плати во борба против криминалот.