Вучиќ вети просечна плата од 1.000 евра

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска гостувајќи во ТВ Пинк изјави дека до крајот на работата на идната влада, просечната плата би можела да биде 1.000 евра.

Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемијата на коронавирус, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа.

„Прв пат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра, а пензијата 500 евра. Тоа е остварливо, доколку нема надворешни проблеми и ако нема големи земјотреси на светско ниво“, рече тој.

Вучиќ додаде дека е политичар „кој имал најмногу телевизиски дуели во Србија“.

Слични содржини