407
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска по пристигнувањето во Берлин каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе се бори за интересите на Србија и уште поблиски односи со Берлин.
„Пристигнав во Берлин на важни разговори за иднината на Србија. Германија е најголемиот економски партнер, еден од клучните политички партнери. Ќе се борам за интересите на нашата Србија и уште поблиски односи со Берлин“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Претседателот на Србија подоцна попладне во Берлин ќе се сретне со Олаф Шолц.