Вучиќ: Во договорот со Приштина го добивме најдоброто

од Берта Китинска
164 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека со договорот меѓу Белград и Приштина за откажување од издавање влезно-излезни документи за граѓаните на двете земји, Србија успеала да го добие најдоброто.

Вучиќ нагласи дека постигнал вербален договор со косовскиот премиер Албин Курти според кој Србија го укинува издавањето на излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово нема да воведува такви документи за оние кои имаат српски лични карти.

„Ништо не потпишавме. Албанците инсистираат на договорот од 2011 година, додека договорот од Брисел во 2013 година е избришан и не се споменува Заедницата на српските општини“, изјави Вучиќ по заедничката вежба на припадниците на полицијата и армијата.

Според постигнатиот договор, жителите на Косово и Србија ќе можат слободно да патуваат со лични картички.

„Се боревме нешто да поправиме и мислам дека успеавме. Не можеме да се залагаме за „Отворен Балкан“ и да ги затвориме сите граници. Мислам дека тоа што е постигнато е добро за нас. Досега им ги признававме документите, но им издававме хартија, а сега ќе се обеси демант дека тоа не е признавање, туку се боревме за државност на Косово, дека документите на Република Србија важат на Косово и Метохија, особено за Србите од Косово и Метохија“, рече Вучиќ.

Потсетуваме, Србите кои живеат на Косово на 31 јули подигнаа барикади за да се спротивстават на одлуките на Владата во Приштина, која од 1 август имаше намера да ги забрани автомобилските регистарски таблички со имињата на градовите во Косово издадени од Србија.

Исто така, од 1 август требаше да започне издавањето на влезно-излезни документи за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово, што е практика што Белград ја спроведува за граѓаните на Косово во последните 11 години.

По порастот на тензиите и интервенцијата на ЕУ и САД, косовската влада одлучи да го одложи почетокот на примената на споменатите одлуки за еден месец, а во меѓувреме беше постигнат договор за документите.

Сепак, се уште не се знае што ќе биде со регистарските таблички со имиња на косовските градови издадени од Србија.

Слични содржини