Вучиќ: За 10 дена отворање на јужниот крак на Коридорот 10

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави денеска дека за десет дена ќе биде отворен јужниот крак на Коридорот 10.

– Би сакал да учествувам на отворањето на јужниот крак на Коридорот 10. За десетина дена ќе можете да патувате кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е автопат. Тоа е голема вест, изјави Вучиќ од Пекинг.

Тој истакна дека Србија сака целосна соработка со Кина,

– Во Европа, кога ќе ја спомнете Кина, сите нешто се правдаат. Јас не се правдам. За разлика од оние кои секојдневно ни порачуваат: „Не ви е место во Европа или не ве сакаме“, Кинезите ни велат: „Ние со вас сакаме“. И ние сакаме, рече Вучиќ, дополнувајќи дека Кина не го загрозува суверенитетот и интегритетот на Србија.