Вучиќ за кланот на Вељко Беливук: Никогаш не сум слушнал, ниту видел некој од нив

од Nikola Popovski
237 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека никогаш во животот не слушнал, ниту го видел Вељко Беливук и членовите на неговиот клан.

– Не следев сѐ, да ви кажам право. Сакам да им кажам на луѓето само една работа. Никогаш не сум видел или слушнал за некој од нив во мојот живот. Доколку сум, не само што нема да бидам претседател на Србија, туку сум подготвен да го поминам остатокот од мојот живот во затвор, изјавил Вучиќ за ТВ Прва.

Тој нагласил дека „се напаѓани оние кои работеле на уништување на оваа криминална група, како тој и министерот за полиција Александар Вулин“.

-Гледате ги напаѓаат само оние што го уништија тој мафијашки октопод. Вулиа, само не знам каде го нашле Дарко Глишиќ, рекол Вучиќ.

-Не ми паѓа на памет дополнително да учествувам во оддавањето почит на најлошите криминалци, бидејќи секоја приказна за тоа го подига рејтингот на оние кои мелеле луѓе додал српскиот претседател.

Фото: 021.rs

Слични содржини