Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на нападите на Џељаљ Свечља, министер за внатрешни работи на Косово, како и на изјавите на Мило Ѓукановиќ, шефот на црногорската држава.
Вучиќ вели дека „води добра политика, штом е нападнат од потрчкото на Курти, но и од Мило Ѓукановиќ“.
-Потрчкото на Курти се заканува дека ќе имам многу тешки денови и месеци… Немам проблем со тоа. Јас знам дека пред нас се тешки денови. Мене ми е важно дека пред нив се лесни денови. Ова им оди одлично со рестрикциите на стрија, баш им е убаво и лесно, а дури понатаму ќе им биде баш лесно… Мене ми е важно ние да не се закануваме на никој. Нека се заканува само тој. Многу е опасен и многу е важен, така да би било добро и во ист ритам да продолжат. Што се однесува до Мило Ѓукановиќ, тој нека си ја работи својата работа, а ние нашата!, рече Вучиќ во интервју.