Вучиќ за средбата со Ѓоковиќ: Дојдоа сите готвачи и чувари, сите дами беа специјално облечени (ВИДЕО)

од Milan1
476 прегледи

Новак Ѓоковиќ се појави пред медиумите, првпат откако беше депортиран од Австралија, каде сакаше да игра на тамошниот Гренд слем турнир.

Првиот тенисер во светот во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но тој не зборуваше за случувањата во Австралија, туку најави дека за сето тоа ќе се изјасни „за седум до десет дена“.

„Сакав да ве видам бидејќи како граѓанин на Србија почувствував голема потреба да ви се заблагодарам за поддршката за време на немилите настани во Австралија“, изјави Ѓоковиќ. Според него, претседателот Вучиќ и државата Србија немале обврска да го поддржат, но тоа го направиле, со што се ставиле во компромитирана политичка позиција.

Претседателот Вучиќ потоа му се заблагодари на Ѓоковиќ за „чесното претставување на Србија“, како и за „големата борба во Австралија“, ветувајќи помош од државата за „понатамошен развој на тенисот во Србија“.

„Можеби немаме нов Ѓоковиќ, но ќе имаме нови деца кои ќе се борат за Србија“, рече Вучиќ.

Австралиската сага на Ѓоковиќ траеше повеќе од десет дена, а тој на крајот беше депортиран од Австралија поради „можноста да поттикне противење на вакцинацијата“.

Деновите потоа ги поминал во Црна Гора, каде ги посетил манастирите Острог и Будва, а бил виден и во западна Србија.

Новак Ѓоковиќ и претседателите на Србија, неколку месеци пред изборите

Ова не е прв пат Ѓоковиќ јавно да се сретне со српски претседател, во февруари 2012 година, тој имаше средба и со поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Тадиќ не остана долго на таа функција, во мај истата година беше поразен на изборите, кога Српската напредна странка ја презеде власта.

Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на турнирот во Дубаи кој започнува на 21 февруари, но неговиот настап е неизвесен.

Токму неговиот однос кон вакцинацијата може да ги загрози неговите шанси да ја заврши кариерата со најмногу освоени Грен слемови во историјата,  што тој постојано го истакнуваше како една од неговите најголеми желби.

По „Австралија опен“, има се повеќе турнири на кои тенисерите треба да се вакцинираат.

Што кажаа Вучиќ и Ѓоковиќ?

„Никогаш не се случило толку многу луѓе да има во зградата (Претседателството во Белград)“, рече претседателот Вучиќ на самиот почеток на своето обраќање.

Дојдоа сите готвачи и чувари, сите дами беа специјално облечени, толкав број новинари не сум видел во животот за десет години на власт, тие стојат во три-четири реда“, додаде тој.

Сето ова, вели, укажува дека дошол „некој посебен“.

„Тоа покажува колкава ѕвезда сте, што претставувате за граѓаните на Србија и нашиот народ и дека ја претставувате земјата чесно, храбро и на најдобар можен начин“, рече Вучиќ.

Тој рече дека се слушнале на првиот ден од настаните во Австралија, кога му рекол на Ѓоковиќ: „Ајде Новаче, врати се, што ќе правиш таму, те чекаме во Србија“.

„Но, видов колку е упорен, колку сака да игра и да се бори на спортски терен не само за себе, туку и за својата земја и да покаже дека е подобар од другите“, рече тој.

Тој се надева, додаде, дека Ѓоковиќ ќе ги надмине Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на Грен слем турнирите.

До неодамна Ѓоковиќ, Федерер и Надал беа изедначени со по 20 Грен слем титули, но Шпанецот дојде до 21 во Мелбурн.

Во финалето го победи Медведев од Русија, вториот тенисер во светот, кој со освојување на Австралија опен ќе го надмине Ѓоковиќ и ќе стане прв тенисер во светот.

„Никој не знаеше кога да навива во финалето, навивавме малку за Медведев, но на крајот на краиштата сме среќни што ти сепак си прв на листата“, низ насмевка изјави Вучиќ.

„Новак ќе ги победи сите на „Ролан Гарос“, „Вимблдон“ и „УС Опен“, додаде тој.

Ѓоковиќ потоа им се обрати на медиумите, и првично му се заблагодари на Вучиќ за „топлото добредојде и гостопримството“.

Ѓоковиќ му се заблагодари на Вучиќ и за поддршката што му ја дал како претседател и на институциите во Србија за време на „немилите настани во Австралија“.

„Иако бев во притвор, соочен со голем број предизвици, не се чувствував осамено“, Ја почувствував поддршката од браќата“ изјави Ѓоковиќ.

Слични содржини