401
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „го издржавме невозможното во однос на зачувување на националните и државните интереси“.
„Го завршивме првото полувреме во кое издржавме невозможни работи за зачувување на нашите национални и државни интереси. Но, пред се ја подигнавме економијата, ги подигнавме надежите и очекувањата на луѓето, ги покачивме платите, ги покачивме пензиите и ќе продолжиме со тоа. Затоа ни е потребно второ полувреме. Треба да направиме нов план и со вештачка интелигенција и со најсовремени технологии и со дополнителни инвестиции и со тоа како Србија може да напредува. Да живее Србија!“, напиша Вучиќ со видео објавено на Инстаграм.