Вучиќ: Граѓаните на Србија ќе ја видат најжестоката борба против корупцијата до 31 март

од Milan1
73 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот дека граѓаните на неговата земја ќе ја видат најжестоката борба против корупцијата до 31 март.

„До 31 март граѓаните на Србија ќе ја видат најжестоката борба против корупцијата, против луѓето кои се директно или индиректно на власт, поврзани со нив, во последните 24 години можам слободно да кажам“, рече Вучиќ за време на гостувањето на емисија „четврток во 9“, на јавниот сервис на Србија, РТС.

Тој најави нов систем во борбата против корупцијата со кој, како што рече, ќе може да се примаат поплаки од граѓаните и дека сите овие обвинувања ќе треба да се проверат.

„Делата ќе се покажат во следните 100 дена. Ќе видите големи промени“, повтори Вучиќ.

Тој рече и дека е загрижен поради воведувањето санкции кон Нафтената индустрија на Србија (НИС) бидејќи, како што рече, тоа му е официјално потврдено, што се очекува околу 1 јануари.

Слични содржини