50
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин, потврдија за Танјуг од Кабинетот на претседателот на Републиката.
Двајцата државници, како што е најавено, ќе разменат мислења за сите актуелни теми, со посебен акцент на регионалните теми, како и за неповолната состојба во која се наоѓа српскиот народ на Косово.
Рускиот претседател во петокот упати честитка до српскиот претседател по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.