Српскиот премиер оди на клучна посета на Русија.Посетата следната недела на српска делегација на чело со премиерот Александар Вучиќ “несомнено не е вообичаена, не е една од многуте посети”, изјави за новинарите во Белград рускиот амбасадор Александр Чепурин.

Според него посетата ” од четири причини не е вообичаено дури и во позадината на традиционалните пријателски односи помеѓу нашите народи”.
“Прво, треба да се наместат часовниците, да се обликуваат позициите, да се оправдаат сопствените интереси, да се видат можностите за проширување на соработката. Оттука и нивото на посетата и планираните средби на највисоко ниво “, истакна Чепурин.
“Второ, продолжи дипломатот, акцентот на посетата ќе биде ставен на економските прашања. Во составот на српската делегација се вклучени голем број министри од економскиот сектор. Директно ќе се дискутираат прашања кои можат да бидат од корист за двете страни. Клучна важност ќе има бизнис Форумот пред пладне на 27 октомври “, рече амбасадорот.
“Трето, предвидено е за време на посетата потпишувањето на голем број руско-српски документи како со глобален, така и со регионален карактер.
Четврто, земјите ќе разговараат клучни меѓународни проблеми, кои директно влијаат на интересите на Србија, така и на Русија “, рече конечно амбасадорот Александар Чепурин.