287
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Александар Боцан-Харченко и го информираше за синоќешните немири во Белград.
„Го информирав амбасадорот Боцан-Харченко за синоќешните немири во Белград и повторив дека ќе направиме се за да ја зачуваме безбедноста на граѓаните и нашата Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Наведе дека биле разменети мислења и за билатералните односи, состојбите во регионот и актуелните геополитички настани.