Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сака да го коментира тоа што францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека земјата го суспендирала процесот за визна либерализација за Косово, што требаше да стапи на сила на 1 јануари.
„Не сакам да коментирам. Тоа е одлука на една од најголемите европски земји. Благодарам на Макрон за многу други работи, за пријателството што го покажува кон Србија. За забелешката што ја даде дека мора да го осудиме насилството во Бањска, тоа го направивме во ист ден неколку пати и го молам господинот Кошар да пренесе дел од тие изјави, иако мислам дека тоа му го кажав на претседателот Макрон кога бевме на состанокот во Гранада“, изјави претседателот на новинарите во Кина.
Тој рече дека е важно Србија да продолжи со дијалогот во обидите да ги реши работите преку дијалог.