Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) изјави дека не верува оти студентите во блокадата се финансирани од германската служба за надворешна безбедност (БНД), но дека е сомнително што нивните водачи се стипендисти на германската држава.
„Немам докази за тоа. Но, ми е чудно што студентите кои ја водат организацијата на овие протести, најважните водачи, претходно добивале стипендии и финансиска поддршка од германската држава“, рече тој.
Вучиќ нагласи дека никогаш не изјавил дека протестите во Србија биле целосно организирани однадвор, туку дека тие биле претежно финансирани од странство.