Вучиќ по експлозијата на Косово: Србија нема никаква врска со тоа

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Белград „нема никаква врска со експлозијата на каналот Ибар-Лепенац“, ниту пак Србија, како што вели, „ќе помисли на такво нешто“.

Ние, повеќе од Приштина, ќе инсистираме на овој случај. Во Приштина во првиот бран ги обвинија Белград и Србија, пазете „Србија и Белград“ дека го направија тоа. Белград и Србија немаа поим, ниту ќе ни текнеше да го направиме тоа“, изјави Вучиќ на прес-конференција во Белград.

Тој повтори дека Србија „нема никаква врска со овој случај“.

„Како сериозна земја не се занимававме со обвинувањата, не кажавме – тој напад е нарачан од Курти, тоа ќе го покаже истрагата. И ние водиме наша истрага, имаме некои сомнежи, но нема да зборуваме за тоа. Имаме некои информации и кој би можел да биде сторителот“, рече Вучиќ и додаде дека Србија е „целосно отворена за секаква соработка со ЕУЛЕКС“ во истрагата.

Слични содржини