Вучиќ: Побарав КФОР да се грижи за безбедносните прашања на северот на Косово

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска соопшти дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинта и дека побарал КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо косовската полиција.

„Ги повторив позициите на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти. Прашав и зошто ЕУЛЕКС беше одбиен од косовската полиција да присуствува на операцијата која беше спроведена на територијата на северот на Косово“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот на „будуќностсрбијеав“.

Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на земјите од Квинта – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија.

Слични содржини