179
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој се сретна со него пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница што се одржува во шпанскиот град Гренада.
Претходно тој се сретна со премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Риши Сунак, со кого разговараше за ситуацијата на Косово.
Тој се сретна и со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кому му се заблагодари за разбирањето на позицијата на Србија за прашањето за Косово и постојаната поддршка, како и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, пренесува „Танјуг“.