Вучиќ: Ситуацијата на Косово е тешка, незадоволството на Србите го достигнува својот врв

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска по средбата во Белград со претставници на Србите од Косово изјави дека ситуацијата на Косово е тешка и дека „незадоволството и гневот на нашиот народ поради прекршувањето на договорот за регистарски таблички и сите други договори, како и секојдневните апсења на Срби, ја достигнуваат својата кулминација“.

„Ќе имаме подолго обраќање следната недела, на Велики четврток или на Велики петок. Прво имав консултации и разговори со најважните претставници на Српската листа и нашите власти и претставници на институциите и властите од Косово. И разговаравме за сите проблеми и за безбедносната ситуација, која е тешка“, рече Вучиќ.

Слични содржини