Вучиќ: Собрани 9.401 парче оружје

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека досега во кампањата за собирање легално и нелегално оружје, собрани се 9.401 парче оружје, повеќе од 400.000 парчиња муниција и 884 експлозивни направи, од кои 711 се бомби и минофрлачи.

Тој на прес-конференцијата по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече дека ова е многу повеќе оружје отколку што е собрано во 2015, 2016, 2017 и 2020 година.

„Веруваме дека ова ќе биде најуспешната акција, долгорочна и нема да застанеме тука. Им благодариме за довербата на граѓаните“, рече Вучиќ.

Слични содржини