Вучиќ: Србија нема право да се откаже од Република Српска, без разлика на притисокот

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Претседателот Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија нема право и не смее да се откаже од поддршката за Република Српска, без разлика „која сила сака да воведе санкции против нашиот народ или членовите на нашиот народ“.

Вучиќ, кој е во посета на Република Српска по повод комеморацијата на жртвите од „Бура“, за РТС изјави дека денеска разговарал со претседателот на РС, Милорад Додик и српскиот патријарх Порфирие во манастирот Осовица во општина Србац за клучните прашања за српскиот народ, за Република Српска и за целата позиција на српскиот народ во регионот, за односите со светот, и „за притисоците на кои е изложен нашиот народ“.

Србија, како што истакна, нема право и не смее да се откаже од поддршката за Република Српска, без разлика која сила сака да воведе санкции против припадниците на српскиот народ.

Слични содржини