Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм коментираше за ситуацијата во Босна и Херцеговина и потерниците за Милорад Додик и неговите соработници во Република Српска.
„Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на Република Српска Ненад Стевандиќ, особено не поради политичките несогласувања со официјалното Сараево и претставниците на меѓународната заедница, и цврсто стои со својот народ.
Тоа што мислат дека ќе ги разбијат и уништат Република Српска и Србија, се во голема грешка. Во 21 век, нема земја во светот каде што претседателите на ентитетите, премиерите и претседателите на парламентите се апсат поради политички несогласувања и изговорени зборови. Србија секогаш ќе биде посветена на зачувување на мирот и почитување на Дејтонскиот мировен договор, но ние ќе застанеме со Република Српска и нејзиното раководство“, рече тој.