Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека, како што стојат работите, опозицијата ќе се обиде да направи нешто со насилство следната сабота и како што рече тогаш ќе им биде „отсвирен крај“
„Знаат дека немаат повеќе време, па ќе мора да фрлат сè на една карта. За жал, ќе се обидат да направат нешто преку насилство и тогаш ќе сфатат дека тоа е крајот за нив. Многумина што ќе извршат злосторства ќе завршат зад решетки, а другите ќе сфатат дека ги излажале овие политичари кои им ветиле дека нешто може да се направи преку насилство, изјави Вучиќ во разговор со граѓани при обиколка на Центарот за инклузивно образование во Алибунар.
Тој истакна дека преживеал многу работи, но не и она што се случило синоќа во во Белград, да бидат нападнати деца кои сакаат да учат.