Вучиќ: Знаеме дека се планираат немири на 15 март

од Milan1
165 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста во врска со студентските протести во Белград. Тој рече дека демократијата е нешто што мора да се негува и чува и затоа државата вечерва не интервенираше на протестот пред зградата на Српското претседателство.

„Знаеме дека се планираат немири за 15 март. Тие се нервозни бидејќи знаат дека обоената револуција нема да им успее. Тие имаат само едно решение, а тоа е криминалот. Тие немаат друго решение и насилниците никогаш нема да победат“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека „насилниците никогаш нема да ја победат Србија“.

Слични содржини