Авионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата е во Баку и во моментов не може да го продолжи своето патување кон Москва, бидејќи нема дозвола за продолжување на летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, пренесе Нова.рс.
Некои српски медиуми објавија дека сите земји претходно дале дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради борбени операции.
Моментално се чека одобрение за продолжување на летот.