Вучиќ: Ќе ме прогласат за диктатор и ќе покренат акции против мене ако не бидам послушен

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека следната недела ќе започне процедурата за прием на Косово во Советот на Европа. Тој рече дека претставниците на меѓународната заедница, пред се Квинтата и ЕУ, очекуваат тој да биде послушен и дека во спротивно ќе преземат акции против него и ќе го прогласат за диктатор.

„Очекувам следната недела да влеземе во процедура за прием на Косово во Советот на Европа. Се приближи. Тоа ќе биде ирски предлог. Тоа трае, може да трае и една година, но јасно ви е каков ќе биде исходот. Тоа е дополнителен притисок врз Србија да кажат дека не ги интересира меѓународното право“, рече Вучиќ.

Тој потоа додаде дека против него ќе бидат преземени одредени мерки доколку, како што вели, не слуша.

„А ти, малечок Вучиќ, во меѓувреме ќе прераснеш од авторитарен во автократски, а потоа и во диктаторски лидер, ако не слушаш. Значи, ќе преземеме некои акции против тебе, против Владата на Србија, а потоа и против Србија“, рече шефот на српската држава.

Слични содржини