Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе донесе одлука дали ќе учествува на самитот во Тирана по утрешната средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Ивица Дачиќ, по средбата со неговиот ирански колега Хосеин Амир Абдолахијан во Министерството за надворешни работи, во изјава за новинарите изјави дека одлуката за напуштање не е мотивирана од тоа дали Србија сака да влезе во ЕУ или не.
„Таа одлука е одлука за бескрајната толеранција на ЕУ кон провокаторите на ескалацијата на конфликтот на Косово и Метохија, односно кон Курти“, рече Дачиќ и додаде дека Курти „ги фрлил под нозе ЕУ и Бриселскиот договор“.
Тој исто така посочи дека сите планови зависат од тоа дали ЕУ и меѓународната заедница сакаат да вршат притисок врз оние кои упорно предизвикуваат конфликти.
Оцени дека утрешната посета на Лајчак е една во низата од оние за надминување на ескалациите, бидејќи има список на инцидентни ситуации што ги произведува Приштина и кој е неограничен.
Самитот на Европската Унија и Западен Балкан ќе се одржи во вторник на 6 декември во Тирана.