Вучјакот кој во Авганистан во битка ја изгуби предната нога доби орден

од desk4
108 прегледи

Германскиот овчар кој ја изгуби ногата за време на разминирање на полињата во 2012 во Авганистан доби награда во Лондон. Станува збор за орденот Марија Дикин, висока воена награда во Велика Британија за животни, како што е соопштено на сајтот на хуманитарната организација за помош на животните ПДСА.

Nemacki-ovcar-Luka-avganistan-2

12 годишниот вучјак Лука  ја изгуби предната шепа за време на воената служба во Авганистан, а сега живее со сопственикот наредникот Крис Вилингем во САД.

Nemacki-ovcar-Luka-avganistan-4

Лука е 67 добитник на наградата која е основана во 1943 година по иницијатива на Марија Дикин, основач на ПДСА.