Вучиќ: Путин никогаш не одби да разговара со мене и обратно

од Milan1
51 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека одредени медиуми шират лажни информации дека тој три пати сакал да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а Путин одбил.

„Ова никогаш не се случило и тука нема еден или два или двесте извори. Нема таков извор. Никогаш не се случило. Никогаш во претходните 12 години кога сум извршувал важни државни функции – никогаш не се случило да сакам да разговарам со претседателот Путин и да не го добијам тој разговор. Напротив ние имаме традиционално добри и пријателски односи и меѓусебно почитување“, рече Вучиќ во Палатата Србија, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека ова меѓусебно почитување значи дека кога некој сака да разговара, секогаш тоа се случува.

„Никогаш не се случило спротивното. Што се однесува до краткиот престој на господинот Александар Грушко во Србија, тоа се три дена во Србија, па колку треба да остане – 33 дена? Кога одам, останувам максимум ден и пол. Понекогаш пола ден, но никогаш повеќе од три дена.

Човекот беше во нашата земја три дена. И бидејќи велат дека завршил со разговорот со мене и заминал од државата, само да видите за какви лаги станува збор. Тој ден после мене разговараше со некој друг, дали со Ана или со Милош, а потоа со Марко Ѓуриќ имаше тричасовна консултација. Нивниот разговор траеше три часа“, изјави Вучиќ.

Слични содржини