Вуди Харелсон и Метју Меконахи повторно заедно: Овој пат ќе се играат себеси

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Актерите Вуди Харелсон и Метју Меконахи важат за многу добри пријатели, а холивудското дуо зад себе има неколку заеднички проекти.

И двајцата имаа улоги во EdTV и Surfer Dude, но нивната најпопуларна соработка беше првата сезона на True Detective.

Сега, речиси една деценија подоцна, Харелсон и Меконахи се враќаат на малите екрани, но овој пат во хумористична серија. Имено, тие ќе се играат себеси во се уште неименуван проект, кој ќе се емитува на стриминг сервисот Apple TV+.

Засега е познато дека серијата ќе се одвива на ранч во Тексас, каде што во серијата живеат семејствата на Харелсон и Меконахи. Во таква ситуација, секако, ќе има многу конфликти меѓу пријателите од Холивуд, кои очигледно ќе бидат главниот извор на хумор во оваа телевизиска комедија.

Главен автор на серијата е Дејвид Вест Рид, канадски сценарист, драматург и продуцент, кој се прослави со работата на серијата „Schitt’s Creek“.

Сè уште не е познато кога ќе започне да се емитува новиот ТВ проект на Харелсон и Меконахи.

Слични содржини