Централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони граѓани во рок од пет дена, поради зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од Ковид, соопштија локалните власти.
Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик-секретарот на градската влада Ли Тао, пренесе Ксинхуа.
До сабота, Вухан регистрираше 37 локални преноси на Ковид, како и 41 асимптоматски случај во последниот бран, потсетува Танјуг.