„Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!!“, својот Фејсбук профил младиот музичар Огнен Здравковски кој е внук на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој за жал прерано нѐ напушти.
Тој во чест на својот вујко го истетовира неговиот лик на раката.
На едно овековечување кај дечкото со златните раце Simon Kapchev !!! Фала ти најмногу за прекрасниот портрет! ✒🙏🏼
Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!! ❤🎻Posted by Ognen Zdravkovski on Wednesday, 17 February 2021
Македонски виолинисти, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев пред еден месец почина по компликации од ковид 19.
Тој беше познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми.
Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.