Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин оцени дека разновидноста и количината на оружје пронајдена во куќата во Ритопек, што ја користеле припадниците на кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, покажува дека оваа организирана криминална група е подготвена за пресметка со државата.
Вулин за ТВ Прва, дека разновидноста и количината на оружје што биле пронајдени не ги поседувал ниту „Земунскиот клан“ – од тешки митралези со калибар 12,7, до пиштоли, револвери, придушувачи, 10 килограми експлозив, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
„Не знаеме која им била крајната цел и истрагата ќе го покаже тоа, но знаеме дека тие биле способни да извршат сериозен напад врз високо заштитено лице, а во оваа земја тоа е претседателот на Република Србија – Александар Вучиќ“, рече Вулин.
Тежок митралез со муниција од 12,7 калибар, како што изјави, служи за пробивање на лесно оклопно возило, а тоа се оклопни возила во кои има заштитени лица, луѓе кои имаат одредена политичка тежина.
Зборувајќи за скриените простории во куќата во Ритопек, каде се најде оружје и мелница за месо, министерот изјави дека информациите за тоа се добиени при испрашувањето на некои уапсени членови на кланот.
Осврнувајќи се на соработката со црногорските органи за спроведување на законот, Вулин истакна дека соработката не е доволно добра и изрази надеж дека политичките промени во таа земја ќе се почувствуваат кога станува збор за директна соработка.
– Ова е убиствен клан каков не сме виделе од „земунскиот“. Кога ќе заврши истрагата, ќе видите дека тие биле покрвожедни, поопасни и уште полоши во однос на бројот на убиства од „Земунскиот клан“ – истакна Вулин.