Доскорешниот директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) и основач на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, ја коментираше одлуката на Приштина конечно да го регистрира земјиштето на манастирот Високи Дечани, по налог на Квинтата, истовремено прашувајќи „зошто мислат дека сме малоумни и не ги разбираме нивните игри?“, пишува „Новости“.
„Квинтата триумфираше над Курти. Само осум години по одлуката на т.н. Уставен суд на Косово, земјиштето кое со векови му припаѓаше на манастирот Високи Дечани беше запишано во катастарските книги. А сега, по големата победа, Квинта ќе побарае од Белград да направи нешто за возврат, но тоа да го направи за осум дена и на тој начин да го смири бесниот Курти“, се вели во соопштението на Вулин објавено на веб-страницата на Социјалистичкото движење.
Тој додаде дека „не е тајна дека Србите не се популарни во Европската Унија и дека „не мислат дека сме достојни за нивното внимание и почит“.
„Но, за мене сè уште останува мистерија зошто мислат дека сите ние сме малоумни и не ги разбираме нивните глупави и понижувачки игри. Срби, што не е јасно?“ напиша Вулин.