Вулин се сретна со Лавров: Само Србија од цела Европа не е дел од антируската хистерија

од Берта Китинска
218 прегледи

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин разговараше во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рече дека „Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ не го заборава вековното братство“.

Според соопштението на МВР на Србија, Вулин рече дека Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и „не станала дел од антируската хистерија“.

Тој додаде дека Лавров е искрен пријател на Србија и на српскиот народ и изрази благодарност до Русија за доследно почитување на суверенитетот и интегритетот на Србија и непризнавањето на независноста на Косово, додека Лавров рече дека Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во зачувувањето на нејзината територијалниот интегритет.

Слични содржини