Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, оцени дека најважната задача на сегашната генерација српски политичари е создавање на „српски свет“.
Тој за белградска „Политика“ изјави дека Балканот ќе биде побезбеден „кога Србите ќе бидат обединети“.
„Кога зборуваме за „српскиот свет“, ве прашувам дали Велика Британија може да има свој Комонвелт? Може исто така да одржува врски со целиот свет преку Комонвелтот. И ние Србите, кои сите живееме во опсегот на не воздушните, туку автобуските линии, не можеме да имаме сопствен српски свет? И не смееме да соработуваме, не смееме да бидеме поврзани“, праша Вулин.
Коментирајќи ги наводите на политичарите од регионот кои го поистоветуваат изразот „српски свет“ со „голема Србија“, Вулин оцени дека станува збор за злоупотреби на „нешто што никогаш не постоело“.
„За жал, никогаш немало Голема Србија, инаку би знаеле каде живееме и кои се нашите етнички области“, рече Вулин, додавајќи дека Балканот „ќе биде стабилен кога Србите ќе бидат обединети“.