Вулин: Србија да ја преиспита својата политика кон ЕУ

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Претседателот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, изјави дека Србија треба да ја преиспита својата политика кон ЕУ, односно дека нејзината политика на воена неутралност треба да прерасне во политичка, пренесе Н1.

Реагирајќи на извештајот усвоен од Европскиот парламент за Србија, Вулин истакна дека извештајот на пратениците од ЕУ не е слика на Србија, туку слика на лицемерие и предрасуди по кои се воделе авторите на извештајот, објави Социјалистичкото движење.

„Не им треба вистината, потребен им е изговор зошто нема да ја прифатат Србија во нивното друштво“, рече Вулин, кој е и министер за внатрешни работи на Србија.

Во извештајот на Европскиот парламент за Србија, меѓу другото, се вели дека „нормализацијата на односите е приоритет и предуслов за пристапување во ЕУ и за Белград, и за Приштина“.

Слични содржини