Вулин: Забрана за влез во Србија за одредени учесници на Европрајдот

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин најави дека денеска или утре ќе поднесе кривична пријава против дел од учесниците на манифестацијата „Европрајд“ во Белград, а на одреден број лица ќе им издаде забрана за влез во Србија.

„Знаеме кои се тие, знаеме од каде се, знаеме од кои земји се. Има легален начин да се дојде до нив и ние ќе тргнеме по тој легален пат“, изјави Вулин за ТВ Пинк, коментирајќи ги фотографиите направени пред црквата Свети Марко во Белград за време на Европрајдот.

Зборувајќи за тоа што известувачот на Европскиот парламент, Владимир Билчик, учествувал на Европрајд и повикал на негово одржување и покрај првичната забрана од полицијата, Вулин оценува дека тоа „воопшто не било политички пријатно“.

„Ако одам во Германија, Словачка или во која било друга земја и кажам ‘таа одлука на надлежните органи не ви е најдобра, ќе дојдам на тој собир што го забранивте’, не сум сигурен дека ќе ме пуштат во земјата“, рече тој.

Според него, поединци барале Билчик да биде уапсен поради тоа, но Вулин посочува дека има дипломатски имунитет, а Србија е земја која ги почитува сопствените и меѓународните закони.

„Кога имате дипломатски имунитет, можете да бидете уапсени доколку ве фатат во извршување на кривично дело за кое се гони по службена должност за казна над пет години. Да бидеме реални, така функционира и не може поинаку“, рече министерот.

Слични содржини