Планината Еребус крие еден од најактивните вулкани во светот, кој секојдневно исфрла околу 80 грама злато во студениот воздух на Антарктикот. Антарктикот иако е леден континент со екстремно ниски температури, но има и силна вулканска активност.
Вулканот Еребус, кој е еден од 138-те активни вулкани на Антарктикот, исфрла гас секој ден, кој содржи кристализирано злато, чија вредност, според проценките, е речиси 6.000 долари.
Повеќето од вулканите на Антарктикот се наоѓаат во Западен Антарктик и во земјата Мари Берд. Додека повеќето од нив се неактивни, осум или девет вулкани на Антарктикот се сметаат за активни. Во поновата историја еруптирале само три вулкани, иако тоа било многу поинаку во далечното минато.
Вулканот Еребус е именуван по старогрчкиот бог на темнината, а истражувачите истакнуваат дека еруптирал „кога капетанот Сер Џејмс Кларк Рос првпат го видел во 1841 година“.