Една од најпознатите актерки, Вупи Голдберг, денеска го прослави својот 67 роденден.
За време на нејзината кариера, таа доби многу признанија, а се започна со филмот на Стивен Спилберг од 1985 година, кога Вупи го привлече вниманието на луѓето ширум светот.
За улогата во филмот „The Color Purple“ за првпат беше номинирана за Оскар за најдобра женска улога, а доби и Златен глобус.
Таа се појави во култниот филм „Дух“, глумејќи јасновидец, а потоа успеа да ја освои наградата за која сонуваат сите актери.
Вупи Голдберг тогаш освои Оскар за најдобра споредна женска улога, што ја прави втората црна жена што ја добила таа награда за глума.
Актерката еднаш раскажа како нејзиниот познат колега и помогнал да ја добие улогата во филмот „Дух“.
Легендарниот холивудски актер Патрик Свејзи, кој почина во 2009 година по тешко боледување, за многумина беше инспирација, а очигледно и одлична личност. Кариерата на колешката успеа да ја „лансира“ по нагорна патека, кога инсистираше таа да ја добие улогата која ѝ припаѓа.
Кастинг менаџерите не ја сакале неа, бидејќи мислеле дека е премногу експресивна и публиката ќе ја мрази, но Патрик успеал да го убеди режисерот дека Вупи е вистинскиот избор.
И тој беше во право и Вупи после ова стана многу популарна и обожавана актерка.