ВВС: Што се знае за тајниот разбивач на непробојниот iPhone?

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Експертите за безбедност сепак го одредуваат NSO Group како трговец на сајбер оружје.

1472456029-1

Со седиште во Израел и во сопственост на Американци – едвај слично опишан изненадува, кога станува збор за компанија која се специјализира во создавањето на “алатки против криминалот и тероризмот”.
Експертите за безбедност сепак го одредуваат NSO Group како трговец на сајбер оружје, потсетува БиБиСи.
Истата оваа компанија упадна во светските вести на крајот на оваа недела, откако се покажа дека стои зад невидена досега “хакирана” и досега оквалификувана како уникатна заштита на iPhone преку еден допир до екранот на смартфонот.

На 10-ти и 11-ти август адвокатот Ахмед Мансур, кој е истакнат заштитник на човековите права во ОАЕ, добива текстуални пораки на својот телефон со ветувања за откривање на тајни податоци за мачење на политичките затвореници во арапската земја. За целта Мансур само треба да избере линк што води кон сајт, каде биле сместени податоците.

Адвокатот сепак се покажува доволно визионер и директно оди кај експертите за кибер безбедност. Ако беше притиснат линкот, тој допир ќе инсталира во телефонот малициозен софтвер кој требаше да обезбеди пристап до сите лични информации во уред (смс-и, слики, пораки, локации) на трета страна. Покрај тоа софтверот обезбедува и директен пристап до микрофонот и камерата на смартфонот.

Експертите остануваат воодушевени по проверката на телефонот на Мансур – тоа е едно од најсофистицираното сајбер оружје, кои никогаш не го видел. Откриен е и креаторот на ова оружје, имено NSO Group.

Компанијата создава такви производи за голем број на владини агенции при строга тајност. Што не е посебно изненадување, со оглед на фактот дека NSO Group е формирана во 2010-та година со средства од Unit 8200 – воената висико технолошка разузнавачка агенција на Израел.

Меѓу клиентите на NSO Group се Мексико и Панама, но тоа е само врв на ледениот брег. Голем број на други владини организации прибегнуваат кон услугите на компанијата за доставување на сајбер оружје, но овие се занимаваа се чувани тајни од јавноста.

Како одговор на настаните од последните денови, од NSO Group коментираа дека работат само со официјални државни институции и ги почитуваат сите закони и прописи, но без да дадат никакви детали. Сепак прецизираа дека немаат контрола врз тоа како и со каква цел се искористуваат нивните производи.

Во секој случај професионалцитре кои работат за NSO Group се на исклучително ниво. Во случајот со хакирање на оперативниот систем на Apple програмери од компанијата откриле не една, а цели 3 “пробивања” – тоа само по себе е исклучително, тврдат познавачи.

Од Apple реагираа релативно брзо и ги Фиксираа проблемите за 10 дена, ставање нова верзија на оперативниот систем. Ова би требало да го неутрализира овој специфичен напад, но изгледа шансата да се појават нови “дупки” во безбедноста не е воопшто мал.

Еден од основачите на NSO Group неодамна изјави дека сајбер оружјето на неговата компанија не остава траги. Е, сега беа следени, но дефинитивно ќе преземаат мерки и ќе станат уште повнимателни. И ќе продолжат да прават бизнис за милиони.