Автомобилскиот гигант Volkswagen (VW) објави дека ќе укине работни места во фабриката за електрични автомобили во Цвикау, Германија, поради слабата побарувачка.
269 работници ќе останат без работа по истекот на 12-месечниот договор, објави во четвртокот VW. Деталите ќе се утврдат во наредните денови во договор со работничкиот совет.
Компанијата наведува дека укинува работни места поради моменталната состојба на пазарот. Се смета дека побарувачката за електрични автомобили е слаба поради високата инфлација и отстранувањето на владините стимулации. Електричните автомобили се поскапи од верзиите со мотори внатрешно согорување.
Фабриката во Цвикау ексклузивно склопува електрични автомобили за VW и нејзините подружници Audi и Cupra. Вработува вкупно 10.700 работници, вклучувајќи 2.200 привремени работници, кои исто така може да останат без работа.
Volkswagen и понатаму е 100 отсто убеден дека треба да продолжи по патот кон електричната мобилност, нагласи портпаролот и додаде дека не ги промениле своите планови. Иднината на фабриката во Цвикау е сигурна, додаде тој, најавувајќи нови инвестиции.
Фабриката беше првата во VW која започна со производство на електрични возила, моделите ID.3, ID.4 и ID.5 на VW, Q4 e-tron на Audi и Q4 Sportback и Cuprin Born. Производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување беше прекинато во 2020 година.
И покрај слободниот капацитет во фабриката во Цвикау, компанијата планира да ги произведува Q4 e-tron и VW ID.3 и во други фабрики.
„Од крајот на 2023 година ќе го произведуваме Q4 e-tron и во Брисел и во Цвикау“, изјави портпаролката на Audi.