VW планира 6 фабрики за производство на батерии во Европа до 2030 година

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Германски „Volkswagen“ планира да обезбеди снабдување со мобилни батерии и да ја прошири инфраструктурата за полнење електрични возила во Европа, како дел од засилените напори за претекнување на „Tesla“ и поевтинување на т.н. е-мобилност.

Вториот по големина производител на автомобили во светот, кој е среде силен пресврт кон автомобили на батерии, објави денес дека планира да лансира шест погони за производство на горивни ќелии во Европа до 2030 година, кои ќе ги гради сам или во соработка со некои партнери, известува Ројтерс.

„Е-мобилноста стана основна работа за нас. Сега систематски интегрираме дополнителни процеси во синџирот на вредност“, изјави извршниот директор на VW, Херберт Дис.

Планираните постројки ќе имаат производствен капацитет од 240 гигават часови годишно, додаде тој, нагласувајќи дека компанијата сака да обезбеди долгорочна позиција во трката за најдобра батерија и најдобро корисничко искуство во ерата на мобилност со нула емисии .

Групацијата Volkswagen најави и партнерства со British Petroleum и водечките европски компании Enel и v за проширување на мрежата на станици за полнење на електрични возила.

Недостатокот на инфраструктура сè уште се смета за голема пречка за масовно прифаќање на автомобили на батерии.

„Во просек, ќе ги намалиме трошоците за системите на батерии на далеку под 100 евра за киловат час“ (119 американски долари)“, рече членот на управниот одбор на VW, Томас Шмал, истакнувајќи дека ова конечно ќе ја направи електронската мобилност достапна и доминантна погонска технологија.

Според податоците од декември од Benchmark Mineral Intelligence, цената на мобилните батерии за електрични возила падна во просек од 110 долари за киловат-час, пренесе Ројтерс.

Слични содржини