Советот за безбедност на ОН подготвува резолуција за Јемен. Саудиска Арабија инсистира за ограничување на испораките на оружје за бунтовниците -шиити и копнена операција во Јемен. Русија повикува на ембарго за оружје и хуманитарна пауза.
Москва нема да му дозволи на Риад да помогне на овој уништувачки план за Јемен во советот за безбедност на ОН, пишува “Взглјад”.“Саудиска Арабија нема потреба од никакви паузи, таа има други планови. Таа брза да ја користи предноста на агресијата против Јемен, што во моментов ја има.Саудиска Арабија не би дозволила паузи кои ќе им дозволат на нејзините противници да одморат “, смета претседателот на Институтот за религија и политика Александар Игнатенко. “Предлогот да се воведе ембарго на испораките на оружје не е прв обид на Русија да го насочат конфликтот кон мир . Саудиска Арабија е насоченаа не само да победи, туку ако може и да ги уништи хутите, како и нивните сојузни племиња кои ја зазеле страната на “Ансар Алах” . Во моментов Саудиска Арабија војува против целиот Јемен, со исклучок на некои сили како “Ал Каеда” и движењето “Исла” “, додава тој. “Во моментов Саудиска Арабија се обидува да протурка во Советот за безбедност резолуција за либиската опција. Ние сите се сеќаваме како заврши авантурата во Либија “, забележува експертот.
