Wall Street Journal: Американските службеници во Берлин имаат „Хавана синдром“

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Најмалку двајца американски службеници стационирани во Германија побарале медицинска помош откако развиле симптоми на мистериозен здравствен проблем познат како „Хавана синдром“, велат американските дипломати, пишува „Wall Street Journal“ (WSJ).

Симптомите, кои вклучуваат гадење, силни главоболки, ушни болки, замор, несоница и летаргија, почнаа да се појавуваат во последните месеци, а некои жртви останале неспособни да работат, навеле дипломатите.

Ова се првите случаи пријавени во земја на НАТО во која се сместени американски војници и нуклеарно оружје, според WSJ.

Американските дипломати истакнаа дека слични инциденти се регистрирани меѓу американските службеници стационирани во други европски земји, но одбиле да дадат детали.

Слични содржини