Washington Times: Русија е во прави, САД се соучесници на ИД

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Терористите во текот на цела година мирно вадат и продаваат нафта

 САД толку долго отстапуваат од удари по нафтената инфраструктура на ДАЕШ (Исламска држава), дека можеме да ги наречеме соучесници на терористите. Тоа го изјави аналитичарот на Washington Times Тод Вуд во статија на изданието, цитиран од “Звезда”.За нееднозначната позиција на Вашингтон претходно изјави Министерството за одбрана на Русија. “Кога американските чиновници велат дека не гледаат како нафтата е испорачана од терористите во Турција, тоа веќе не е лукавство, ова” потсетува “на директно покровителство”, истакнаа од министерството.

Официјалниот претставник на Министерството за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков истакна дека се изненадени од ставот на американските колеги. Треба да се напомене дека претставниците на Вашингтон дадоа неколку прилики за чудење.Отпрвин минисрњеотт за одбрана на САД Ештон Картер рече: “Ние нанесуваме погодоци само на оние објекти кои тие ги користат за екстракција на профит”. Потоа специјалниот амбасадор на САД по меѓународна енергетика Амос Хокстајн соопшти дека обемот на шверц на нафта, кој терористите испорачуваат во Турција е се  крајно незначителни. Последната изјава звучеше како оправдување, смета коментаторот од Washington Times.

Покрај тоа, според мислењето на Вуд, САД повеќе од една година дозволуваат ДАЕШ да вадат и продаваат нафта што и носеше на групата милиони долари месечно.САД всушност воспоставија слободна зона за “монетарната машина за пари на ИД “, пишува колумнистот. Тоа дека САД започна да нанесува удари токму на нафтената инфраструктура се добила според мислењето на аналитичарот поради тоа што Русијаја  стави САД во непријатна позиција. Линијата на Белата куќа изгледа несфатлива. Затоа американската влада е вмешано во различни последици кои може да создаде засилувањето на ДАЕШ “, резимира Вуд.И  сега тука кој е против а кој соучесник на ИД!?